4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинатата година украдени криптовалути вредни близу 300 милиони долари

Минатата година украдени криптовалути вредни близу 300 милиони долари

Во 12 големи хакерски напади на берзата за трговија со дигитални валути забележани во текот на 2019 година украдени се криптовалути вредни повеќе од 292 милиони долари, објави порталот CoinTelegraph.

Специјализираниот портал наведува дека бројот на хакерски напади на криптоменувачници се зголемува од година во година, а дека новиот рекорд бил срушен во 2019 година.

Само во еден напад, на сингапурскиот CoinBene кој се случил минатиот март украдени се криптовалути чија вредност се проценува на околу 105 милиони долари.

Во текот на 2019 година, 11 напади резултирале со кражба на имот, додека во еден напад на израелскиот сајт Coinmama украдени се 510.000 кориснички податоци.

Начинот на кој берзите на криптовалути ги чуваат и ги штитат средствата на своите клиенти се разликува од услуга до услуга и од јурисдикција до јурисдикција, олеснувајќи ги хакерските напади.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП