28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА"Без компромис Велика Британија нема да добие најквалитетен пристап на пазарот во...

“Без компромис Велика Британија нема да добие најквалитетен пристап на пазарот во ЕУ по Брегзит”

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен ја предупреди Британија дека нема да добие најквалитетен пристап до пазарот на ЕУ по Брегзит, ако не направи големи компромиси.

Таа го кажа тоа во лондонската школа за економија во Лондон, пред првиот состанок со британскиот премиер Борис Џонсон, и додаде дека преговорите за нов трговски договор помеѓу Велика Британија и ЕУ ќе бидат тешки, како и дека „секој избор би имал последици“, пренесува AP.

Џонсон предходно изјави дека Велика Британија бара слободен трговски договор, но не сака да ги задржи правилата и стандардите на ЕУ, поради што Фон дер Лаејн предупреди дека без еднакви услови во областа на животната средина, трудот, оданочувањето и државната помош, Британија не може да има најквалитетен пристап до најголемиот единствен пазар во светот.

Фон дер Лаен изјави и дека нема доволно време да се разгледаат сите аспекти на идните односи на ЕУ и Велика Британија до крајот на годината, поради што двете страни ќе мора да се одлучат на што да се фокусираат, пренесува Reuters.

„Без да го продолжиме периодот на транзиција по 2020 година, не можете да очекувате да се договориме за секој аспект на нашето ново партнерство. Мора да одредиме приоритети“, изјави Фон дер Лајен.

Според нејзините зборови, приоритет на ЕУ е да го поддржи интегритетот на единствениот пазар на блокот и неговата царинска унија.

„Во врска со тоа нема компромис“, изјави таа, додавајќи дека без слободно движење на луѓето нема слободен проток на капитал, добра и услуги.

Претседателката на ЕК, истакна дека е потребно сеопфатно партнерство во областа на безбедноста за справување со прекуграничните закани „од тероризам до сајбербезбедност и контраразузнавање“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП