ЕКОНОМИЈА

Со багер украл банкомат од трговски центар (видео)

Крадец во австралиски Квинсленд украл банкомат од трговски центар со помош на багер.

Прво ги скршил стубовите, а потоа го земал банкоматот. Сцената е снимена од надзорна камера.

„Возачот го користел натоварувачот за да го собере банкоматот и го напуштил местото“, соопштија од полицијата.

Багерот и банкоматот подоцна се пронајдени во близина на основно училиште, а полицијата сè уште трага по крадецот.