27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSony претстави електричен автомобил (видео)

Sony претстави електричен автомобил (видео)

Јапонскиот гигант Sony ги изненади посетителите на саемот за технологии во Лас Вегас со претставување на моделот на електричен автомобил кој се базира на технологија за асистирање при возење.

Компанијата пред јавноста претстави прототип на автомобилот Vision-S, во кој се инкорпорирани нејзините сензори и производи наменети за репродукција на забавна содржина во автомобилите.

Автомобилот е опремен со сензорна технологија која открива и препознава патници во возилото и им овозможува да го контролираат системот за репродукција на забавни содржини.

Моќни 33 сензори

Sony во автомобилот вградил вкупно 33 сензори.

Јапонската компанија е позната по моќните сликовни сензори кои можат да се користат за анализа на патот.

До контролната табла на новиот автомобил се наоѓа широк панорамски екран „за информации за возењето и забавни содржини“.

Од Sony, сепак, не прецизираа дали планираат да го продаваат Vision-S.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП