4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Австралија поради недостиг на вода околу 10.000 камили ќе бидат убиени

Во Австралија поради недостиг на вода околу 10.000 камили ќе бидат убиени

Локалните австралиски власти планираат да убијат околу 10.000 камили, бидејќи населението се жали од жедните животни кои влегуваат во нивните населби во очајна потрага по вода.

Абориџинските власти во оддалечените области на северозападниот дел од Јужна Австралија одобрија отстрел на камили, кој треба да започне утре и да трае пет дена, пренесува хрватски „Индекс“, повикувајќи се на информации од Си-ен-ен.

Локалната власт на областа на официјалната фејсбук страница напишала дека екстремно големи групи камили и други диви животни во потрага по вода ги вознемируваат изолираните абориџински заедници.

„Поради многу сувото време, големи групи камили им се закануваат на заедниците и на инфраструктурата и е потребна нивна контрола“, се објаснува во известувањето. Според порталот на австралиската телевизија „7 њуз“, за време на ловот може да бидат убиени дури 10.000 камили.

Како и во поголемиот дел од земјата, во Јужна Австралија со недели траат екстремно високите температури. Иако оваа сојузна австралиската држава не е толку погодена од пожарите како соседниот Нов Јужен Велс, многу диви животни угинаа и на нејзина територија за време на огнените стихии, пренесува Си-ен-ен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП