
Времето денеска ќе биде облачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи претежно од снег. Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните делови на места со умерен интензитет. Вдолж Повардарието, каде ветерот ќе биде најсилен, преку денот ќе има и повремено намалување на облачноста.

