1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа 9 месеци свртени над 192 милијарди евра во платниот промет во...

За 9 месеци свртени над 192 милијарди евра во платниот промет во земјава

Граѓаните, фирмите, државните органи, банките, за девет месеци од 2019 година во платниот промет во земјава свртиле неверојатни 192,5 милијарди евра – покажуваат податоците на Народната банка. Само во последниот месец, септември лани низ прометот поминале 24,7 милијарди евра. Од нив дури 20,5 милијарди евра во септември биле плаќања од над 1 милион денари или нешто над 16.000 евра.

Податоците покажуваат дека низ годините драстично расте прометот во земјава. Па така само споредбата со претходната 2018 година покажува драстични поместувања во прометот нагоре, а во однос на годините пред тоа прометот е повеќе од дуплиран. 

Така за целата 2018 година низ платниот промет во земајва се свртеле 161,8 милијарди евра, или за 30 милијарди евра помалку од десетте месеци на 2019 година. Или за девет месеци од 2018 година или заклучно со септември прометот изнесувал 112 милијарди евра или 80 милијарди евра помалку од деветте месеци од 2019 година.

Споредбата пак со 2016 година покажува дека прометот лани за девет месеци е повеќе од три пати поголем од тој во 2016-та за девет месеци. Така од јануари до септември 2016 година низ платниот промет во земјава поминале 63,6 милијарди евра, а годината завршила со промет од 88,7 милијарди евра или пак двојно помалку од тој за периодот јануари-септември 2019 година кој достигна 192,5 милијарди евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП