29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПазарот на виртуелна реалност до 2030 година ќе вреди 30 милијарди долари

Пазарот на виртуелна реалност до 2030 година ќе вреди 30 милијарди долари

Extended reality (XR) до 2030 година би можел да вреди 30 милијарди долари.

Компанијата IDTechEx Research спроведе истражување на пазарот наречено extended reality (XR), кое се состои од комбинација на технологии како што се виртуелната реалност (VR), зголемената реалност (AR) и таканаречената мешана реалност (mixed reality – MR).

Според нивните предвидувања, до 2030 година, XR пазарот би требало да достигне вредност од 30 милијарди долари.

Пазарот би требало да расте како резултат на зголемената популарност на игри базирани на виртуелна и зголемена реалност, но и другите сектори, како што се образованието и далечинската поддршка во која исто така расте употребата на XR технологии.

Вреди да се споменат и зголемените инвестиции на компании како што се Sony, HTC и Oppo (особено во доменот на зголемена реалност).

Тука се и софтверските компании како што е на пример Facebook, кој во своја сопственост ја има компанијата Oculus, која е специјализирана за XR пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП