29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСончево со слаб до умерен ветер од северен правец

Сончево со слаб до умерен ветер од северен правец

Времето во земјава ќе биде претпладне сончево, а попладне облачноста постепено ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус три до нула, а дневната температура ќе се движи од седум до 14 степени.

Во Скопје претпладне сончево, а попладне облачноста постепено ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе достигне до минус пет, а дневната температура до осум степени.

Под влијание на студена воздушна маса во недела времето ќе биде облачно со засилен северен ветер и повремени врнежи со слаб, а на места умерен интензитет и ќе бидат претежно од снег. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и студено, со умерен, а во понеделник засилен северен ветер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП