28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕден сок ќе ви помогне при воспаление на мускулите

Еден сок ќе ви помогне при воспаление на мускулите

Иако воспалението на мускулите најчесто се поврзува со вежбање, до тоа може да се дојде и од многу други причини. Но, без оглед на причината, станува збор за реакција на телото на физичка активност за која не сте навикнати, а може да се појави во било кој дел од телото. 

Иако е непријатна, оваа болка релативно брзо поминува и има бројни начини како да се ублажи. Еден од нив е и пиење сок од цреша. Да, добро прочитавте.

Сокот има антиоксидантни својства кои ја подобруваат мускулната функција, го забрзуваат закрепнувањето и ја намалуваат болката во мускулите. Сето тоа го потврдија и американските истражувачи кои во дел од студијата набљудуваа тим од 54 спортисти кои учествуваа во трката Oregon`s Hood to Coast Relay, а резултатите од студијата се објавени во списанието Journal of the International Society of Sports Nutrition.

Се покажа дека оние кои една недела пред натпреварот секојдневно пиеле две чаши од овој сок, чувствувале помалку интензивна болка.

„Тркачи кои пиеја сок од цреша, имаа помалку воспаленија, а нивните мускули побрзо закрепнаа“, објасни д-р. Кери Куел, шеф на оваа студија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП