29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГи намалуваат цените на билетите за воз за да ги одвратат луѓето...

Ги намалуваат цените на билетите за воз за да ги одвратат луѓето од летање

Цените за подолги патувања со воз во Германија паднаа за прв пат по 17 години.

Станува збор за иницијатива на германските власти, кои настојуваат да ги охрабрат патниците да се одлучат за патувањe со воз наместо со авион и со тоа да помогнат во намалување на загадувањето на животната средина.

Патниците на германските брзи железнички линии Deutsche Bahn подолги од 50 километри сега ќе плаќаат 10 проценти помалку за билети.

Deutsche Bahn, исто така ги намалува специјалните понуди и понуди како што е транспорт со велосипед.

Поевтините билети се резултат на понискиот ДДВ за железницата, кој владата го намали од 19 проценти на седум проценти. Deutsche Bahn верува дека пониските цени на билетите ќе им донесат дополнителни пет милиони патници годишно, објави Guardian.

Меѓутоа, оваа година нема да бидат поевтини сите патувања со воз низ Германија. Така, цените за кратки растојанија и јавниот превоз (автобус, метро, трамвај) во региони како Берлин, Хамбург, Бремен, Бранденбург ќе се зголемат за неколку проценти.

Понудувачите поскапувањето го оправдуваат со повисоките плати и повисоките цени на дизелот и електричната енергија. Поскапувањата се договорени пред Владата да преземе мерки за заштита на животната средина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП