4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроизводството на нафта во Русија го достигна советскиот рекорд

Производството на нафта во Русија го достигна советскиот рекорд

Производството на нафта во Русија достигна 560,2 милиони тони во 2019 година, надминувајќи го нивото од 2017 и 2018 година, кога достигна рекордни 549 и 556 милиони тони, соопшти Централниот диспечерски оддел на Енергетскиот комплекс за горива.

Според таа статистика, тоа е скоро еднакво на рекордот забележан за време на Советскиот Сојуз, кога во 1987 година се произведени 569,5 милиони тони, објави синоќа TASS.

Руското министерството за енергетика предвиде дека домашното производство на нафта би можело да се соочи со пад во наредните години доколку не се спроведат даночните реформи.

Министерот за енергетика Александар Новак изјави дека рускиот нафтен сектор носи најголем даночен товар во светот, кој изнесува 70 проценти од приходите на компанијата, како и дека развојот на речиси половина од руските резерви на нафта е непрофитабилен според сегашниот систем на оданочување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП