24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСо овие оброци можете да ја регулирате телесната тежина во текот на...

Со овие оброци можете да ја регулирате телесната тежина во текот на зимата

Во текот на зимата иако нема сезонско овошје и зеленчук карактеристични за летните месеци, има многу здрави намирници кои можеме да ги земаме за зајакнување на имунитетот и подобрување на здравјето. Некои се многу егзотични, доаѓаат од далечни краишта и им помагаат на лицата со дијабетес да ја одржуваат болеста под контрола.

Лекарите советуваат дека во такви услови оброците треба да се поделат на неколку мали порции, со задолжително избегнување на шеќер, производи од месо и друга нездрава храна.

Во продолжение, дознајте повеќе за здравите намирници кои дијабетичарите ги земаат во текот на зимата за да го одржат посакуваното ниво на шеќер во крвта.

Леблебија

Оваа намирница е богата со растителни протеини и е полна со хранливи влакна. За протеините и растителните влакна е познато дека создаваат чувство на ситост, па доколку ги консумирате, нема да ви требаат други закуски. Лековитите својства исто така влијаат и на регулирањето на шеќерот во крвта.

Салата од цвекло

Освен што е препознатлива по својата виолетова боја, цвеклото содржи фолна киселина, витамини, влакна, манган и калиум. Хранлива мешавина од цвекло, брокула, ореви, целер и јаболко ќе има фантастичен ефект врз целото тело, но само ако не и додадете шеќер.

Сладок компир

Оваа намирница по потекло од Исток, го регулира нивото на шеќер во крвта и ја намалува желбата за внес на дополнителен шеќер. Доаѓа во различни форми и бои, а богата е со витамини, минерали, антиоксиданти и растителни влакна. Сè што треба да направите е да го сварите, излупете, исечете на парчиња и додадете сок од лимон.

Јаткасти плодови

Оревите се неопходна состојка во многу слатки од Балканот и одлично се комбинираат со други закуски. Измешајте ги со малку бадеми, ленено семе, сончогледи, чиа семе и суви сливи и ставете ги сите во тегла. Чувајте ја теглата при рака во случај да огладнете.

Стапчиња од моркови и хумус

Морковите се познати по тоа што го намалуваат нивото на холестерол во крвта и ја намалуваат можноста за рак. Содржат многу малку јаглени хидрати и калории. Излупете ги сочните моркови, исечете ги на стапчиња и потопете ги во хумус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП