11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСончево со ниски утрински температури, во недела ветер и снег

Сончево со ниски утрински температури, во недела ветер и снег

Времето во земјава ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус 10 степени, а дневната од четири до 12 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со ниски утрински температури и со услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе достигне до минус четири степени, а дневната до осум степени.

Во сабота ќе се задржи претежно сончево време со услови за утринска магла по одделни котлини. Под влијание на студена воздушна маса во недела ќе има наоблачување со засилен северен ветер и повремени врнежи претежно од снег. Во почетокот на наредната седмица времето ќе биде стабилно и студено, во понеделник со засилен северен ветер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП