5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстрија во новата година без пластични кеси

Австрија во новата година без пластични кеси

Во Австрија, со почетокот на новата година започна да важи забраната за продажба на пластични кеси за еднократна употреба.

Предлог законот, кој парламентот го усвои, предвидува период на транзиција до крајот на 2020 година, за да им се овозможи на претпријатијата да се „ослободат“ од пластичните кеси во своите магацини. Од забраната се исклучени оние кеси кои се целосно биоразградливи и кои се произведени од биолошки материјал.

Исто така, од забраната се исклучени пластичните кеси за повеќекратна употреба. Поради бројните исклучоци, организациите кои се занимаваат со животна средина ја критикуваа измената на законот, како мерка без ефект.

Тие посочуваат дека годишно во Австрија има околу 7.000 тони пластично ѓубре поради пластични шишиња и кеси, и веруваат дека законот би требало да опфати и пластична амбалажа, што претставува голем дел од пластичното ѓубре.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП