20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзгуби 37 милијарди долари и сеуште е најбогатиот човек на светот

Изгуби 37 милијарди долари и сеуште е најбогатиот човек на светот

Џеф Безос, првиот човек на Амазон, минатата година заврши како најбогат човек на светот со 115 милијарди долари, „бегајќи“ му за 2 милијарди долари на основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс.

Двајцата, заедно со францускиот трговски магнат Бернард Арно, чие богатство се проценува на 105 милијарди, се единствените луѓе на планетата со повеќе од 100 милијарди американски долари богатство.

Богатството на извршниот директор и основач на „Амазон“ се намалило за 10 милијарди долари од минатата година, но не поради лошите финансиски резултати, туку поради разводот.

Поранешната сопруга на Безос, Мекензи, од договорот за развод доби 20 милиони акции од Амазон (околу четири проценти од компанијата) вредни повеќе од 37 милијарди долари, со што стана 25-та најбогата личност во светот.

Гејтс дури и го надмина Безос во ноември, откако профитот на „Амазон“ падна за 28 проценти, додека цените на акциите на „Мајкрософт“ скокнаа за 48 проценти.

Листата продолжува со познати имиња – американскиот берзански брокер Ворен Бафет со 89 милијарди и основачот на Фејсбук Марк Цукерберг со 78 милијарди. И покрај скандалот со “Кембриџ аналитика”, Цукерберг додаде импресивни 26,3 милијарди долари на неговата сметка оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП