29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУтрово најстудено и најмногу снег во Маврово

Утрово најстудено и најмногу снег во Маврово

Утрово во земјава најстудено било во Маврово каде се измерени -10 Маврово и Крушево – 8 степени, а најтопло во Гевгелија и Дојран, каде е измерен еден степен целзиусов.

Највисока снежна покривка е измерена во Маврови Анови 23 сантиметри, во Попова Шапка девет сантиметри, три во Лазарополе и еден сантиметар во Ѓуриште.

Утрово во земјава времето е облачно и студено. Во текот на денот облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа повремено силен северен ветер со брзина и над 60 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од минус два до шест степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне обланоста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Максималната температура ќе достигне 2 степенa

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП