25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнгличаните масовно потпишуваат петиција против ВАР технологијата

Англичаните масовно потпишуваат петиција против ВАР технологијата

После серијата спорни ситуации кога беа поништени голови поради милиметарски офсајд или признат гол иако требало да биде поништен, во Англија навивачите почнаа да потпишуваат петиција за укинување на видео-технологијата.

Популарниот ВАР беше воведен за да се подобри регуларноста и да нема случки кои директно ќе влијаат на резултатот, но искуството покажува дека и со ВАР се прават грешки, а се губи и течноста во играта. Веќе никој не може да се радува веднаш после постигнат гол, бидејќи тој гол може да биде поништен поради офсајд.

Англиската Премиерлига последна од големите воведе ВАР, па затоа таму и отпорот е најголем. По стадионите се пеат песни против ВАР и дека „ова веќе не е фудбал“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП