Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,704.50 7%    BESK 5,643.00 10%    GRNT 790.86 6.03%    KMB 6,027.13 7.4%    MPT 50,496.41 8.52%    MTUR 4,400.00 10%    OKTA 3,000.00 0.99%    STB 885.95 6.61%    TNB 13,878.00 10%    TTK 1,166.00 10%    UNI 1,885.00 5.78%    ZUMS 1,000.00 0%    

Која е тајната на успехот?

Време: 13:48

Датум: декември 27, 2019

Категорија: КАРИЕРА

„Зошто сега?“ – е прашање кое секој претприемач треба да си го постави, бидејќи ова прашање го дава одговорот на други две многу важни прашања:

Зошто моите обиди беа неуспешни?

Со какви препреки ќе се соочам?

Светот е полн со паметни луѓе. Сите се соочуваат со решавање на проблеми. Некогаш се прашувате како ги решаваат. Можеби нивниот производ е поуспешен од вашиот. Кога ќе ги погледнете сите околности се прашувате како им успева сето тоа. Можеби тајната е во упорноста. Но, постои и нешто друго, A тоа е успешна маркетинг стратегија, производна стратегија. За да не се доведете во пропаст менувајте се со времето.

Најчести одговори на прашањето „Зошто сега?“ се:

– Се применува нова технологија

– Се променило однесувањето на корисниците

– Се појавиле нови канали на дистрибуција

– Се промениле законите

Ако не можете јасно да дефинирате зошто би започнале бизнис сега, а не за пет години, тогаш воопшто не го започнувајте. Затоа што тоа укажува дека не знаете што сака пазарот. Можеби веќе некој ја има реализирано вашата идеја.

Да го знаете совршениот тајминг значи да бидете во право време, на право место. А тоа е навистина тешка задача.

Успешни примери од минатото

Некои компании не настанале од револуционерни идеи, но сепак оствариле светски успех.

LinkedIn

Ред Хофман се занимавал со друштвени мрежи од 1990 година. Ја основал SocialNet.com во 1997 година. Тој се обидел, но не успеал. Било прерано. Затоа во 2002 се обидел со LinkedIn и создал мрежа која ги поврзува сите професионалци на едно место.

You Tube

Оваа страница многу долго и требало да заживее во пракса. Почнала добро да функционира кога во 2005 година се појавиле лаптопи со вградена камера за која не е потребна никаква инсталација.

Zynga

Разни игри се дел од интернетот уште од неговиот почеток. Но, ниедна од нив не привлекла толкаво внимание како Zynga. Која е тајната? Zynga знаела дека вистинската вредност на игрите лежи во тоа дека ја играат сите ваши пријатели, a Facebook е одличен реализатор на сето тоа.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Како да одржите мотивација ако работите од дома

    Како да одржите мотивација ако работите од дома

    Оние што работат од дома, знаат колку е тешко да се одржи мотивацијата, продуктивноста и концентрацијата во услови каде има толку многу работи што можат…

  • Колку е тешко да се биде сам со сопствените мисли?

    Колку е тешко да се биде сам со сопствените мисли?

    Луѓето би сториле било што, само да не бидат препуштени на своите мисли – прилично е поразителен заклучокот на научниците по спроведувањето на истражувањата. Нова…

  • 5 навики на најбогатиот човек во светот

    5 навики на најбогатиот човек во светот

    Богатството на Џеф Безос е проценето на 121,1 милијарди долари. Ова се неговите навики кои секој може да ги усвои. Можеби нема да станете милијардер,…

  • 10 занимања во кои жените ја преземаат доминацијата од мажите

    10 занимања во кои жените ја преземаат доминацијата од мажите

    Новиот извештај на социјалната мрежа Linkedln покажува некои позитивни навестувања во односот жени и мажи кога е во прашање работата. Така, според анализа на профилите…

  • 5 најдобри деловни совети на Ворен Бафет

    5 најдобри деловни совети на Ворен Бафет

    Ворен Бафет е американски инвеститор, бизнисмен и филантроп. Роден е на 30 август 1930 година во Омаха (Небраска, САД), каде и живее. Познат е како…

  • Познатиот милијардер тврди дека ова е најдобриот совет кој некогаш го добил

    Познатиот милијардер тврди дека ова е најдобриот совет кој некогаш го добил

    Марк Кубан е познат американски претприемач и инвеститор чие богатство се проценува на околу 4 милијарди долари, а за Business Insider го откри советот за…

  • Инвестирајте како Ворен Бафет со помош на три општи правила

    Инвестирајте како Ворен Бафет со помош на три општи правила

    Постојат повеќе причини поради кои би можеле да одлучите да инвестирате во одредена компанија. Сепак, милијардерот и директор во Berkshire Hathaway, Ворен Бафет, вели дека…

  • Џеф Безос секогаш ги поставува овие три прашања кога вработува нови работници

    Џеф Безос секогаш ги поставува овие три прашања кога вработува нови работници

    При вработување во мултинационалната компанија Amazon, потенцијалниот вработен мора да има специфични карактеристики. Една од нив е можноста да ги учите своите работодавци. Начинот на…

  • Едноставен психолошки трик како да се чувствувате попродуктивни

    Едноставен психолошки трик како да се чувствувате попродуктивни

    Според истражувањето на Fuqua – школа за бизнис и маркетинг од Универзитетот Дјук и школата Wahrton од Универзитетот во Пенсилванија, луѓето често претпоставуваат како мултитаскингот нè…

  • Како да ви стане понеделник омилен ден во неделата

    Како да ви стане понеделник омилен ден во неделата

    Најлошиот ден во неделата за многумина е понеделник, a причини за тоа има многу. Враќање на работа, почеток на нова недела, нови работни обврски, задачи…