27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонските вина ќе се извезуваат под ознаката „повардарски“

Македонските вина ќе се извезуваат под ознаката „повардарски“

vino-i-hrana

До крајот на годинава Македонија ќе почне да извезува вина со заштитено географско потекло „повардарски“. Оваа географска ознака, што е веќе дефинирана, најпрво треба да се регистрира во земјава, а потоа и во ЕУ.

– Со географскиот индикатор „повардарски“, македонските вина ќе може да се борат на светската арена паралелно со вината од другите земји.

Останува на производителите да ја прифатат, искористат и промовираат оваа алатка и да профитираат од тоа што го имаат, изјави Фредерик Жулие од ФАО по денешната промоција на „повардарски“.

Иницијатор за воведување на ознаката беше здружението „Вина од Македонија“ кое изминативе две години интензивно работеше со поддршка на ФАО и ЕБOР.

– Географската ознака „повардарски“ ќе има големо значење од историски аспект, посебно за комерцијалниот сегмент и како предводник на многу други географски ознаки од македонската винарска индустрија кои ќе се генерираат со текот на времето, беше нагласено на промоцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП