29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигнува првата Alpina заснована на BMW 4

Пристигнува првата Alpina заснована на BMW 4

alpina

Додека се уште се шпекулира кога на пазарот ќе се појави „BMW M4“, љубителите на спортските автомобили на баварскиот производител ќе се израдуваат на веста дека „Alpina“ го подготвува новиот модел базиран на „BMW Seriеѕ 4 Coupe“.

Новата „четворка“ е претставена во јуни 2013-та година, а германската тјунерска куќа веќе започна да тестира автомобил кој ќе ја добие ознаката „Alpina F32 B4 Bi-turbo Coupe“.

Малку се знае за најновиот модел на „Alpinа“. Врз основа на првите фотографии на тест-прототипот може да се види дека автомобилот има карактеристични големи „Alpina“ алуминиумски фелни, препознатливи сини сопирачки и четирикратна издувна цевка.

Се уште не се достапни техничките детали за погонската единица, но таа секако ќе има доволно моќ „Alpinа F32 B4“ да ја доведе до брзина преку 300 km/h.

Се очекува дека во понудата ќе биде и верзија со погон на сите четири тркала. Автомобилот би требало во целост да биде подготвен за автосаемот во Женева во 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП