6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОблачно и студено, на планините услови за слаб снег

Облачно и студено, на планините услови за слаб снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно и постудено, во северните и источните делови на планините и на повисоките места со услови за слаб повремен снег. На повеќе места ќе дува засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието.

Минималната температура ќе се движи од минус три до пет степени, а максималната од два до 11 степени.

Во наредните три дена времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. В сабота се очекуваат врнежи од снег.

Минималната температура ќе биде во интервал од минус седум до три степени, а максималната од нула до 10 степени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП