27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција добива нова помош во висина од 6,8 милијарди евра

Грција добива нова помош во висина од 6,8 милијарди евра

evro3

Министрите за финансии од 17 земји членки на еврозоната се согласија во Брисел, на Грција во наредните неколку недели да и бидат исплатени четири милијарди евра во рамките на програмата за финансиска помош на таа земја. Од тој износ, 2,5 милијарди ќе бидат обезбедени од европскиот кризен фонд, а 1,5 милијарди од европските централни банки.

Со износот кој ќе го исплати Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), вкупниот износ на оваа транша ќе достигне 6,8 милијарди евра. ЕУ би требало во октомври да одобри уште една милијарда евра, а ММФ дополнителни 1,8 милијарди, под услов Грција да ги исполни одредените обврски кои ги превзема.

Министрите донесоа одлука откако Тројката меѓународни кредитори, ЕУ, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, го претстави поволниот извештај дека Грција ги исполнува усовите за исплата на следната транша помош, пренесуваат медиумите.

Сепак, одлучено е да не се исплати целиот износ од 8,1 милијарди евра одеднаш, со цел да се задржи притисокот врз Грција да ги исполни ветените реформи.

Од грчката влада се бара понатамошно намалување на потрошувачката во јавниот сектор, а и отпуштање на четири илјади работни места во државниот сектор до крајот на оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП