
По обемни претходни консултации со Советот на странските инвеститори во земјава, Владата усвои одлука увозните давачки – царинските стапки за одделни производи (компоненти) потребни за производство на технолошко напредни производи во 2020 година, да се намалат за 50% со цел да се зголеми извозната конкурентност на домашната индустрија која произведува технолошки напредни производи.

