25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа 15 јули краен рок за аплицирање за наградата на Светскиот самит...

На 15 јули краен рок за аплицирање за наградата на Светскиот самит за мобилни содржини

iphoneapps1

Во понеделник истекува рокот за аплицирање за годинашната награда на Светскиот самит за мобилни содржини која како иницијатива на Обединетите нации ги претставува дигиталните содржини значајни за глобалното општество.

Министерството за информатичко општество и администрација денеска ги повика сите заинтересирани да ги испратат своите електронски содржини до националниот експерт за Македонија, Бардил Јашари. Тој ги номинира и поднесува осумте најдобри, односно по еден од секоја натпреварувачка категорија.

Повеќе детали и информации, заинтересираните може да добијат на веб страниците http://www.wsa.org.mk и http://www.wsis-award.org.

За наградата на Светскиот самит за мобилни содржини се одбираат најдобрите решенија за е – содржини од повеќе од 160 земји членки на Обединетите Нации и тие се промовираат на глобално ниво на Светскиот самит за дигитални содржини.

По периодот за предселекција на национално ниво, жири составено од еминентни експерти ќе се сретне во Талин, Естонија, за да ги евалуира поднесените проекти и ќе одбере 40 најдобри решенија, односно, по пет од секоја натпреварувачка категорија. Во ова жири, Република Македонија ќе биде претставена од заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска.

Оваа година, Светскиот конгрес за мобилни апликации ќе биде домаќин на најкреативните производители на е – содржини, а ќе се одржи во Коломбо, Шри Ланка од 23 до 25 октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП