19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата повторно пораснаа: Резултат, добрите преговори меѓу САД и Кина

Цените на нафтата повторно пораснаа: Резултат, добрите преговори меѓу САД и Кина

Цените на нафтата на светските пазари пораснаа и минатата недела, трет пат по ред, достигнувајќи ново највисоко ниво во речиси три месеци.

За овој раст е задолжен напредокот во трговските односи помеѓу САД и Кина. Дека првата фаза од договорот ќе биде потпишана во јануари, изјави и министерот за финансии на САД, истакнувајќи дека сè е ставено на хартија, и дека околу тоа нема веќе преговори.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела се зголеми за 1,4 проценти, на 66,14 долари.

На американскиот пазар, барелот поскапе за 0,6 проценти на 60,44 долари.

Растот на цените на нафтата се случи благодарение на потврдата дека првата фаза од трговскиот договор помеѓу САД и Кина ќе биде потпишан на почетокот на јануари.

Подобрувањето на трговските односи помеѓу САД и Кина, исто така, предизвика и надеж кај инвеститорите да се прекине забавувањето на растот во двете најголеми светски економии и двата најголеми потрошувачи на нафта во светот, што би требало да доведе до зголемување на побарувачката за „црното злато“ во наредната година.

Поддршка за цените обезбедува и неодамнешниот договор меѓу OPEK и партнерите, вклучително и Русија, за намалување на производството за да спречат премногу голема понуда во услови на забавување на растот на глобалната економија и побарувачката за нафта.

Производството во првиот квартал на 2020 година ќе се намали за дополнителни 500.000 барели дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП