14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманска шлаканица за Америка: Северен тек 2 се гради и покрај санкциите

Германска шлаканица за Америка: Северен тек 2 се гради и покрај санкциите

Секретаријатот за пловидба и хидрографија на Германија го одобри барањето на Nord Stream 2 за инсталирање на гасоводот во германските води во зимскиот период.

„Германската служба за бродоградба и хидроградба на Германија ја одобри изградбата на гасоводот поради завршеток на Северен тек 2 на дел од 16,5 километри во зимските месеци“, се вели во документот.

Во ресорот потенцираа дека барањето го поднела компанијата Nord Stream 2 уште на 23 септември.

Министерството за финансии на САД објави дека на 21 декември воведува санкции против гасоводот Северен тек 2 и Турски тек.

САД побараа од компанијата која ги гради цевководите под итно да ја прекине работата.

Компанијата Olsiz, која се занимава со поставување на гасоводот, веќе ја прекина работата.

Меѓутоа, германскиот концерн Uniper, партнерот на Gazprom во градежниот проект Северен тек 2, изрази уверување дека ќе се најде начин наскоро да се заврши гасоводот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП