27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеската инфлација продолжува да расте

Кинеската инфлација продолжува да расте

kina1

Кинеската годишна инфлација се зголеми во јуни, шеснаесети месец по ред, и изнесуваше 2,7 проценти, покажаа објавените службени податоци.

Во мај, потрошувачките цени на годишно ниво се зголемија за 2,1 проценти.

Најмногу во минатиот месец во втората по големина светска економија се зголемиле цените на храната, за 4,9 проценти во однос на минатогодишниот јуни, и повторно тие беа главен генератор на инфлацијата, се вели во соопштението на Заводот за статистика.

Во првите шест месеци целокупните цени се зголемиле за 2,4 проценти во однос на истиот период лани.

Кина за оваа година ја одреди целната стапка на инфлација на ниво од 3,5 проценти, во однос на минатогодишната реална стапка од 2,6 проценти.

Втората по големина светска економија минатата година се зголеми за само 7,8 проценти, што е најбавното темпо во последните 13 години. Во првите три месеци од оваа година активностите се зголемија за 7,7 проценти во однос на истиот период минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП