4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕдна третина од невработените во земјава постари од 55 години

Една третина од невработените во земјава постари од 55 години

Над една третина или над 30.000 лица кои се пријавиле во Агенцијата за вработување дека активно бараат работа се постари од 55 години- покажуваат податоците на АВРМ.

Вкуниот број на активни баратели на работа заклучно со октомври изнесува 101.813 лица, од кои 64.492 живеат во град, а 37.321 во село. Од нив пак речиси 63.000 се на возраст над 40 години. Град рекордер по број на невработени лица е Скопје со 17.913 лица од кои повеќе од половината 9.102 се жени. Следува Тетово со рекордни 12.821 неввработени лица од кои 5.902 се жени, па Куманово со 11.905 невработерни, од кои 6.046 се жени. Најмалку регистрирани невработени лица кои активно бараат работа има во Валандово 499, Кратово 537, Виница 581, покажуваат бројките на Агенцијата за вработување.

Слика 1: Невработени по возраст

Повеќе од половината од невработените над 54.000 лица се без образование

Податоците на Агенцијата за вработување покажуваат поразителни бројки – повеќето од половината од невработерните, или 54.470 лица се без образование, од кои 26.955 се жени. Уште 11.407 лица пак се со непотполно средно образование, а 24.860 лица со завршено средно образование. На другата страна пак, Агенцијата регистрирала и 9.099 невработени лица кои активно бараат работа кои се со завршено високо образование. Дури 728 лица на списокот се магистри, а во земјава има и 27 невработени доктори на науки, од кои 10 се жени.

Слика 2: Невработени по образование

Над 26.000 лица „чекаат“ за вработување над 5 години

Една петтина или 26.060 невработени лица „чекаат“ да се вработат повеќе од 5 години, покажува статистиката. Од нив 13.298 лица чекаат работа од 5 до 7 години, а 6.762 над 8 години. А најголемиот број пак на невработени кои активно бараат работа 23.441 лица, чекаат работа од 6 до 11 месеци.

Слика 3: Невработени по време на чекање работа

Извор: Агенција за вработување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП