27 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција го казни Google со 150 милиони евра

Франција го казни Google со 150 милиони евра

Француска агенција за пазари го казни Google со 150 милиони евра поради монополско однесување и нејасно рекламирање на страницата на Google Ads.

Оваа казна се случува во време кога големите американски технолошки компании како Google, Facebook, Amazon и Apple се под зголемен надзор од Франција и другите европски земји, особено поради плаќања на ниски даноци.

Растот на тие корпорации го загрози досегашниот даночен систем затоа што им овозможи легално да бележат профит во земји со ниски даноци како што е Ирска, без оглед на локацијата на нивните крајни корисници, поради што организациите како ЕУ и OECD, но и одделни земји, се стремат за измени на тие правила.

Google претходно се согласи да плати скоро милијарда евра на француските власти како би се спогодиле во истрагата за фискална измама, која е започната пред четири години.

Google е под надзор на властите и регулаторните агенции поради содржината која ја рекламира во своите резултати од пребарувањето и рекламите.

Тој американски интернет гигант во средата се спогоди и околу спорот со австралиската даночна администрација, согласувајќи се да плати дополнителни 326,7 милиони долари даноци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП