24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија и Украина постигнаа договор за транзит на гас

Русија и Украина постигнаа договор за транзит на гас

Русија и Украина, со посредство на Европската комисија, постигнаа принципиелен договор за транзит на гас, на состанокот во Берлин во четвртокот.

Тоа го изјави поранешниот потпретседател на Енергетската заедница, Марош Шефчович, додавајќи дека двете страни денес ќе продолжат со консултациите во своите престолнини.

“Разговорите беа многу интензивни. Имаме принципиелен договор, а за деталите ќе се разговара во петок во главните градови (Москва и Киев). Ова се добри вести за Европа, Русија, Украина и пазарот на гас”, изјави Шефчович, објави TASS.

Руската компанија Gazprom во меѓувреме соопшти дека по трилатералните консултации во Берлин, „разговорите со Украина за гас ќе продолжат денес во Минск“.

Во соопштението рускиот гасен гигант напоменува дека состанокот нема да биде „технички, туку на високо ниво“ и дека делегацијата на Gazprom ќе ја предводи првиот човек на компанијата Алексеј Милер.

Трилатералните разговори за гас помеѓу Русија, Украина и ЕК во Берлин траеја повеќе од шест часа. Деталите за нацрт договорот не се објавени.

Меѓутоа, рускиот министер за енергетика Александар Новак изјави дека трите страни разговарале за конкретни количини и услови за договор за транзит на рускиот гас преку Украина.

Сегашниот договор помеѓу Gazprom и украинскиот Naftogaz за транзит на руски гас преку украинска територија истекува на 31 декември. Претходните трилатерални разговори се одржаа на 28 октомври, потсетува TASS.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП