3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIKEA ја раскина соработката со Simpo

IKEA ја раскина соработката со Simpo

simpo1

Претставниците на „IKEA“ на компанијата „Simpo“ на почетокот на јуни и доставија извештај за прекинување на соработката, а освен лошиот квалитет, најспорен дел за испорака на рускиот и украинскиот пазар, беа механизмите, пренесува Телеграф.

После повеќемесечните расправии и предупредувања од централата во Романија, константните проблеми со квалитетот, го принудија единствениот купувач од фабриката за тапацир на „Simpo“ – „IKEA“ да достави известување за раскинување на соработката на почетокот на јуни.

Швеѓаните ќе престанат со понатамошната испорака на тапациран мебел, беше соопштено на состанокот на лидерите на овие две компании. Ваквиот исход беше предвидлив.

Иако со раскинувањето на договорот не се споменува директно, освен лошиот квалитет, најспорен дел за испораката за рускиот и украинскиот пазар, беа механизмите.

Веќе долго време, тлее незадоволството во „IKEA“ од квалитетот на механизмите кои се вградуваат во гарнитурите.

На крајот на минатата година повеќе од 2.000 парчиња мебел беа предмет на рекламација, а дури 922 беа блокирани, сите поради неисправните механизми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП