20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКоја навика ги разликува милионерите од лицата со просечни примања

Која навика ги разликува милионерите од лицата со просечни примања

Студијата која ја објави Social Psychological and Personality Science откри дека милионерите се разликуваат од лицата со просечни примања.

Истражувањето е спроведено во Холандија, и тоа врз основа на изјавите на 800 милионери, кои се споредени со 1.200 тврдења на лица со просечни примања.

Истражувањето покажало дека овие групи на луѓе се разликуваат, и тоа во една многу важна работа – начинот на трошење на време.

Милионерите своето слободно време го поминуваат претежно активно, во друштво, занимавање со некое хоби, волонтирање, а речиси да не прават дејства како гледање телевизија.

Меѓутоа, луѓето со просечни приходи слободното време претежно го поминуваат во спиење, гледање телевизија, одмарајќи се.

Исто така, богаташите и луѓето со просечни примања имаат и слични навики. Имено, и едните и другите поминуваат време во готвење и купување.

Интересен е податокот дека луѓето со повисоки приходи поминуваат повеќе време за извршување домашни работи, но помалку време се грижат за своите деца.

Богатите луѓе од просечните се издвојуваат и според автономијата која ја поседуваат во професионалниот живот.

Луѓето со просечни примања се зависни и се личности без овластување во деловниот свет.

Заклучено е дека луѓето со поголеми приходи уживаат активно да го поминуваат своето време и генерално се посреќни во животот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП