23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија: Победија на изборите па ја отфрлија WhatsApp

Британија: Победија на изборите па ја отфрлија WhatsApp

Конзервативната партија во Велика Британијa се откажа од употреба на апликацијата WhatsApp за внатрешна комуникација, откако се соочи со бројни протекувања на информации. Нова алатка за безбедно испраќање пораки во внатрешната комуникација сега е Signal.

Signal, кој се претставува како алтернатива за WhatsApp во сопственост на Facebook, се гордее со своите ултра безбедни функции за приватност и има можност пораките автоматски да исчезнат по одреден временски период, правејќи го тежок за следење на комуникацијата.

Оваа апликација, која ја поддржа и Едвард Сноуден, ветува високо шифрирана комуникација без реклами и ветува дека никој нема да може да чита кориснички пораки и да ги гледа повиците.

Претходно оваа година, и ко-основачот  WhatsApp, и даде на Signal 50 милиони долари за понатамошно подобрување на услугата, објави Guardian.

Портпаролот на Конзервативците вели дека причината за користење на Signal е оперативна, а не безбедносна, односно невозможно е сите пратеници (365) избрани на последните избори да се спојат во една WhatsApp група, бидејќи може да има најмногу 256 членови. Signal, од друга страна, тоа го овозможува.

Досегашните WhatsApp групи станаа толку подложни на протекување на информации, што многу пратеници дури свесно објавија порака за нив знаејќи дека така, брзо ќе го најдат патот до новинарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП