2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook со нови проблеми: Лични податоци на 267 милиони корисници слободно достапни...

Facebook со нови проблеми: Лични податоци на 267 милиони корисници слободно достапни на интернет

Личните податоци на над 267 милиони корисници на социјалната мрежа „Фејсбук“ се слободно достапни на интернет. Поголем дел од податоците се на корисниците на „Фејсбук“ во САД.

Британската компанија „Компаритек“ предупреди дека пристап до базата на лични податоци – имиња, телефонски броеви и други информации може да добие секој корисник на интернет без лозинка и регистрација.

Базата на податоци е креирана од хакери во Виетнам. Таа била поставена на интернет на 4 декември, а откриена на 14 декември , по што било побарано да биде блокирана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП