2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Марш за нашите животи“ денеска во Скопје

„Марш за нашите животи“ денеска во Скопје

Драгана Велковска, активистка за заштита на животни и животна средина и советничка во Советот на Град Скопје ги повика граѓаните да излезат на „Маршот за нашите животи“ кој ќе започне во 17 часот пред Министерството за животна средина и просторно планирање, а во 18 часот ќе продолжи пред Владата.

„Поднесов редлог-буџетски ставки за буџетот на Град Скопје за 2020 година до кабинетот на градоначалникот, но за жал ниту еден од моите предлози кои се производ од консултација со граѓани на овој град и наша насушна потреба,не го најдоа своето место во предлог-буџетот на Град Скопје за 2020 година кој ќе се усвојува на седницата на Советот на Град Скопје на 23 декември (понеделник).

Она што е јасно од овие (нешто повеќе од) две години мандат на актуелната локална власт е дека не е на ниво на задачата и не е кадарна да обезбеди услови за живот со кои ќе се гарантира благосостојбата на скопјани. На овој град му се неопходни луѓе на клучни позиции кои на прво место го ставаат јавниот интерес,не бизнис-интересите и/или партиските интереси.Недозволиво е ставовите на политичарите да зависат од фотелјите кои им се платени со пари од граѓаните“, вели таа во повикот и додава:

„Да бидеме истрајни во своите барања! Да се избориме за она што е наше.Да не дозволиме повторно да бидеме жртви на партија за која нашите животи се безвредни.Правото на здрава животна средина ни е уставно загарантирано право.Секој од нас има моќ да менува, да ја искористиме таа моќ“. .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП