6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемата елка во Мексико Сити, во Џакарта "дрвце" од лего коцки

Најголемата елка во Мексико Сити, во Џакарта “дрвце” од лего коцки

Елката е симбол на највеселиот католички Божиќен празник, но и на новогодишните празници, па ширум светот ја украсуваат луѓе од различни вери.

Британскиот весник Telegraf објави галерија со најразлични новогодишни елки низ целиот свет. Најголемата вештачка елка се наоѓа во Мексико Сити на Avenida Reforma. Високa е 110 метри и влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Покриена е со 1,2 милиони светла, а за неа е користено 80 километри кабел. Во Рио де Жанеиро се наоѓа најголемата пловечка елка која дури пука огномет. Висока е 85 метри и е украсена со 2,9 милиони ламби.

Италија може да се пофали со најголемата креација на лажна елка на планината Инџино, а висока е 650 метри и е многу импресивна. Во Џакарта прават дрвја и украси од лего коцки, а во Сиднеј од 18.000 пластични шишиња со различни големини и бои.

Слични елка се прават и во Париз, но со помал број на шишиња. Пред претседателската палата во Сантијаго се поставува вештачка елка висока 20 метри, додека во Бејрут е пред џамијата Мохамад ал-Амине, а ја монтираат со помош на кран. Меѓу поинтересните креации е и елката од оптички влакна во Пекинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП