28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШкотската премиерка: Ако Британија го одбие вториот референдум, ќе ги разгледаме сите...

Шкотската премиерка: Ако Британија го одбие вториот референдум, ќе ги разгледаме сите опции

Премиерката на Шкотска, Никол Старџен ќе ги разгледа сите можности ако владата на Велика Британија ги отфрли барањата за нов референдум, пренесува RT.

Старџен ги даде своите коментари во четвртокот, една недела откако премиерот Борис Џонсон победи на парламентарните избори.

„Честопати ми се поставува прашањето, „Што планирате да направите ако Борис Џонсон каже „не“? Како што ви реков претходно, ќе ги разгледам сите разумни можности да и обезбедам на Шкодска право на самоопределување“, изјави таа.

Шкотската национална партија (SNP), која долго време се спротивставуваше на Брегзит, оствари импресивна победа и освои дополнителни места во парламентот. Старџен претходно изјави дека приоритет на партијата е спречување на Велика Британија да ја напушти ЕУ без договор со Брисел – опција со која се согласува владата на Џонсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП