3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОслободете се од негативците на работа

Ослободете се од негативците на работа

iritirachkikolega1

На работа не е едноставно да останете позитивни дури и кога не сте опкружени со негативни луѓе.

Но што ако првото што го слушнете е: „Овој проект е невозможно да се оствари“, „Нема шанси да завршиме на време“?

Кога колегата ќе почне со вообичаените жалопојки, понудете му помош бидејќи некои навистина тоа го бараат. Но, ако ја одбие помошта или продолжи со жалењето, тоа е знак за повлекување. Сочувството и вас, со тек на време, ќе ве претвори во негативна личност, па наместо: „Да се сложувам“ или „Разбирам“, ќе кажете: „Ама, го можеме ние тоа“.

Лицата кои драматизираат ви ја црпат енергијата 

„Ова е претешко, јас не можам“, „Не ми се работи“, „Сите ќе добиеме отказ“ и слични негативни изјави, се најдрагите изрази на „кралиците на драмата“. Речиси секоја канцеларија има барем по еден таков колега кој во се гледа нешто негативно, а најмалиот проблем го претвора во криза.

Канцелариски „крадци“ и подлизурковци

Проблем: Го прифаќаат секој проект, нон-стоп бараат прилика да му се додворуваат на шефот и да климаат со главата на се што ќе каже шефот. Овие колеги ќе направат се за да му се допаднат на шефот.

Решение: Преправајте се дека барате совет од нив на начин, тие да се чувствуваат важни- можеби навистина ќе ви помогнат да се „носите“ со шефот.

Мрзливци кои поминуваат неказнето

Проблем: Додека вие „гинете“ по цели денови, мрзливците сурфаат на интернет, „висат“ на социјалните мрежи, пишуваат меилови или разговараат со пријателите, се шетаат по канцеларијата и надвор од неа, а вие никогаш не ги гледате дека навистина нешто работат.

Решение: Ако нивното однесување не влијае на вашата работа, игнорирајте ги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП