29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОсумгодишник заработи 26 милиони долари во 2019 година, и е прв на...

Осумгодишник заработи 26 милиони долари во 2019 година, и е прв на Forbes листата (видео)

Списанието Forbes ја направи листата на најплатени јутубери во 2019 година, а осумгодишниот Рајан Каји е втора година по ред на првата позиција.

Каји го покренал својот канал кога имал само три години, кога почнал да ги одмотува подароците и играчките кои ги купил и се тоа го снима со камера.

Сето тоа прерасна во мини-научни експерименти, кои исто така ги сними со камера, а набргу потоа потпиша договор и со компанијата Nikelodion и Hulu. Оваа година заработи 26 милиони долари, што го лансираше на врвот на Forbes листата.

На второ место е каналот Dude Perfect, кој оваа година заработи 20 милиони долари. Видеo снимките за овој канал ги снимаат пријателите Коби Котон, Кори Котон, Герет Хилберт, Коди Џонс и Тајлер Тоуни, кои играат разни спортови и рушат Гинисови рекорди.

Петгодишната Анастасија Раџинскаја е на третото место со заработка од 18 милиони долари и неколку договори со различни компании.

Каналот за совети за шминкање го води Џефри Стар, кој оваа година заработи 17 милиони, и така се пласираше на петтото место на листата на Forbes, додека веднаш зад него е Престон Арсмент со три милиони помала заработка и канал на кој прикажува разни игри.

PewDiePie порано беше најплатен јутубер, но сега го зазема седмото место на оваа листа со 13 милиони. Но, голема е веројатноста следната година да не биде на неа, бидејќи на почетокот на овој месец најави дека привремено ќе го напушти Youtube за да се одмори. Тој го дели седмото место со Markiplier, кој заработи иста сума пари.

Деветтото и десеттото место им припадна на DanTDM (12 милиони долари) и VanossGaming (11,5 милиони долари).

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП