10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПјер Московиси: Еврозоната има потреба од министер за финансии

Пјер Московиси: Еврозоната има потреба од министер за финансии

pjer1

Францускиот министер за економија Пјер Московиси се залага за воведување на функцијата министер за финансии на еврозоната.

Според тој предлог, министерот за финансии во еврозоната би претседавал со Еврогрупата, а истовремено би бил и европски комесар за економски работи.

Потребно е еврозоната да биде далеку потранспарентна отколку што тоа досега беше случај, бидејќи се се сведува на ноќните состаноци на 17-те министри на еврозоната“, изјави Московиси, пренесува агенцијата АФП.

Европската комсија ќе биде реструктуирана во 2014 година по изборот за Европскиот парламент, проценувајќи дека тој период треба да се искористи за реформи во управувањето на еврозоната.

„Прашањето кое се поставува е дали министерот за финансии на еврозоната треба истовремено да биде и претседател на Еврогрупата и дали тој треба да биде и комесар кој ќе биде задолжен за економски прашања“, изјави францускиот министер.

Московиси се заложи и за формирање на комисија, совет или комитет на еврозоната во седиштето на Европскиот парламент, кој ќе ги застапува заедничките интереси на еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП