16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА"Пука" под притисок од штрајкови: Макрон подготвен на компромис

“Пука” под притисок од штрајкови: Макрон подготвен на компромис

Емануел Макрон е „подготвен да го подобри“ планот за пензиските реформи, поради кој веќе две недели се одржуваат штрајкови и демонстрации, соопштено е утринава.

Меѓутоа, Макрон вели дека тој „нема да се откаже“ од спорниот план, но е „подготвен да го подобри преку разговори со синдикатите“, наведоа изворите, посочувајќи на можниот напредок до крајот на оваа недела.

Со новиот комесар задолжен за реформи во пензиите, Лоран Пјетрашевски, попладнево, францускиот премиер Едуард Филип се состана одделно со лидерите на синдикатите и работодавците во обид да се најде начин за излез од кризата која во голема мерка го парализира јавниот сообраќај.

Според претседателот Макрон, целта е да се паузираат протестите пред Божиќ, но синдикатите кои ги водат протестите засега одбиваат „прекин на огнот“ пред празникот, чие славење започнува за три дена.

Компромисот кој го предвидува Макрон е во врска со возраста за пензионирање, кој по сегашниот план се предвидува да биде 64 години од 2027 година, наместо сегашните 62, за финансиски да се балансира пензискиот систем.

Вработените кои би се пензионирале порано, ќе им се одземат бодови, додека оние кои подоцна ќе заминат во пензија ќе добијат бонус. Тоа е неприфатливо за синдикатите, особено најголемиот, CFDT, кој го поддржува планот за обединување на сегашните 42 пензиски фондови, но смета дека старосната граница е „црвена линија“ која не сакаат да ја преминат.

Вчера стотици илјади Французи протестираа против најавените измени, а штрајковите кои го нарушија јавниот превоз траат скоро две недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП