24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе зголемуваат плаќањата со преносливи уреди, следната година овој пазар ќе вреди...

Се зголемуваат плаќањата со преносливи уреди, следната година овој пазар ќе вреди 30 милијарди евра

Еден од пет возрасни носи паметен или фитнес часовник, а до 2020 година се проценува дека пазарот на пренослива технологија ќе има вредност од 30 милијарди евра.

Употребата на преносни уреди за плаќање го продолжува својот раст во Европа, бидејќи корисниците брзо и лесно го интегрираат овој релативно нов метод на плаќање во својот секојдневен живот.

Годинешните податоци за трансакциите со помош на овие уреди, со кои плаќањето е достапно во 26 земји на Европската Унија, покажуваат осумкратно зголемување во однос на минатата година. Овој тренд е широко прифатен во цела Европа бидејќи има повеќе од 30 различни типови преносливи уреди, а лидер по бројот на трансакции е Холандија.

Третина од сите трансакции преку овие уреди во 2019 година се извршиле во Холандија или 33 проценти, а потоа Обединетото Кралство со 18 проценти, Швајцарија осум проценти и Русија седум проценти. Тоа вклучува и активни, преносливи уреди со батерии и пасивни уреди без батерија како што се нараквици, паметни прстени и обични часовници.

Глобално гледано, повеќето трансакции со овие уреди се спроведени во Австралија, а потоа Холандија.

Сите други земји во првите десет по бројот на ваквите трансакции се европски земји, со исклучок на САД, кој се наоѓа на осмото место. Годинешниот број на плаќања со преносни уреди во Европа расте, па така вкупниот број на европски трансакции во минатата година бил речиси 20 пати поголем од бројот на истите трансакции во Северна Америка.

Онаму каде што е прифатено бесконтактно плаќање, сопствениците можат да ги користат своите уреди за вршење на трансакции.

Бесконтактното плаќање означи пресврт во начините на плаќање, добивајќи популарност меѓу издавачите, трговците и клиентите, особено во Европа.

Употребата на бесконтактно плаќање исто така расте: 61 процент од сите европски трансакции во продавниците е бесконтактно, што претставува зголемување од 23 проценти во однос на почетокот на 2018 година.

Прифаќањето на бесконтактно плаќање во продавниците за мало исто така значително се зголеми – од 42 проценти на 70 проценти во текот на истиот период, со што овој силен тренд отвара пат за плаќање преку преносливи уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП