20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Решавањето на трговската нерамнотежа со ЕУ клучна за САД“

„Решавањето на трговската нерамнотежа со ЕУ клучна за САД“

Американскиот трговски претставник на САД, Роберт Лајтцер постави намалување на трговската нерамнотежа со Европа како услов за намалување на глобалниот трговски дефицит на земјата.

Лајтцер изјавил, според Reuters, дека Соединетите држави имаат суштински трговски проблем со Европа, поради што Вашингтон мора да најде начини да испрати повеќе стокa во Европската унија.

Решавањето на трговските прашања со Европа е исклучително важно за претседателот Доналд Трамп, додаде тој.

Изјавата на Лајтцер доаѓа откако премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон и претседателот Трамп се согласија да ги продолжат разговорите за новиот трговски договор меѓу двете земји по победата на Конзервативната партија на минатонеделните британски парламентарни избори.

Директорот на Американскиот национален економски совет, Лери Кадлоу, завчера изјави дека САД се радува на трговскиот договор со премиерот Борис Џонсон, додавајќи дека активностите за подготовка на преговорите за тој договор ќе започнат многу брзо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП