26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворени финансии: Кои се фирмите кои добиле најмногу пари од државните инситуции...

Отворени финансии: Кои се фирмите кои добиле најмногу пари од државните инситуции во Ноември?!

Кои се фирмите кои добиле најмногу пари од државните инситуции во Ноемри?! Бројките на порталот „Отворени финансии“ покажуваат дека компанијата Окта АД Скопје – за станбена изградба е прва на листата на примачи на пари од државна институција во минатиот месец. Компанијата добила речиси 10,2 милиони евра од Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта од контото – други стратешки резерви.

Од ова исто конто истата државна институција исплатила уште 1,95 милиони евра на клиент во Комерцијална банка АД Скопје, а со цел измирување на негови обврски кон Комерцијална банка.

В топ пет најголеми примачи на пари од буџетот се и фирмата „39 Подгорка Подгорци“, која примила 2 милиони евра од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието од конто – капитални субвенции за приватни нефинансиски претпријатија. „Арс ламина“ добила 2,1 милион евра од Министерството за образование под конто наставно – образовни помагала. А во најголемите примачи на буџетски пари е и државната „МЕР“- добила 1,87 милиони евра од Министерството за транспорт и врски за гасификацијата.

Прв на  листата пет најголеми даватели на пари од државните институции е Фондот за пензиско кој во ноември префрлил 65,2 милиони евра. Следува Министерството за труд со 43,8 милиони евра, па Фондот за здравство со 24,7 милиони евра. Министерството за образование е четвртата институција со најголем трансфер на пари од 21 милион евра и последно е Министерството за здравство кое во ноември префрлило 4,9 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП