Денес е решавачкиот ден на двонеделниот протест поради пензиската реформа во Франција, бидејќи сите синдикати се повикани на штрајк и демонстрации.
Железничари, наставници, државни службеници, адвокати и обвинители, лекари и болничари се повикани на протести кои ќе бидат важен показател за владата пред да продолжат преговорите.
Претседателот Емануел Макрон, кој повикува на реформа на пензискиот систем, изјави дека владата сака да продолжи да работи на измени, вклучително и на зголемување на возраста за пензионирање на 64 години и укинување на посебните привилегии за некои вработени.
Високиот комесар за реформи во пензискиот систем, Жан-Пол Делвоа, наречен „Господар на пензиите“, вчера си даде оставка, бидејќи е обвинет за конфликт на интереси, затоа што не ги пријавил сите позиции кои ги акумулирал во владата.
Францускиот штрајк поради планираната реформа денес влезе во 13-ти ден, а владата и синдикатите разменуваат обвинувања за одговорност за загубите предизвикани од штрајкови, демонстрации и блокади во сообраќајот.