18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонго ги тужи најголемите технолошки компании поради искористување на детскиот труд

Конго ги тужи најголемите технолошки компании поради искористување на детскиот труд

Пет водечки светски технолошки компании се обвинети за одговорност за смртните случаеви и сериозните повреди на децата во Африка, принудени да работат во рудниците за кобалт.

Тужбата против Tesla, Apple, Alphabet, Microsoft и Dell Technologies е поднесена во име на 14 семејства од Демократската Република Конго пред судот во Вашингтон, од американската непрофитна организација Меѓународни застапници за правата.

Компаниите се дел од системот на присилна работа, кои, според тврдењата на семејствата, резултираше со смрт и сериозни повреди на нивните деца, тврдат во организацијата.

Тоа е прв случај повеќе компании од технолошкиот сектор да се соочат со судска постапка поради екстракција на кобалт, забележува Reuters.

Судските документи се придружени со фотографии на деца со деформирани раце и нозе. Некои се и осакатени.

Шест од 14 деца во случајот загинале од рушење на тунелот, а други се здобиле со повреди кои им ги промениле животите, вклучувајќи и парализа, тврдат од Меѓународните застапници за правата.

„Овие компании – најбогатите компании во светот, компании кои прават “фенси” уреди – толерираа осакатување и убивање на деца за да добијат евтин кобалт“, изјави адвокатот Теренс Колинсворт за Thomson Reuters Foundation.

Поради екстремната сиромаштија на семејствата, децата – некои на само шест години – беа принудени да го напуштат училиштето и да работат во вадење на кобалт во сопственост на британската рударска компанија Glencore.

Glencore веќе се соочи со обвиненија за употреба на детскиот труд.

Некои деца биле плаќани само 1,50 долари на ден а работеле шест дена неделно, според Меѓународните застапници за правата.

„Тие луѓе мора да избираат помеѓу смрт од глад или да ги ризикуваат животите за да се прехранат“, предупредува Колинсворт.

“DELL” на барањето на Thomson Reuters Foundation за коментар преку електронска пошта одговори дека „никогаш свесно не набавувале суровини“, произведени од детскиот труд. Додадоа и дека започнале истрага за тие наводи.

Tesla, Apple, Google, Microsoft и Glencore не одговорија на барањето да ја коментираат информацијата за тужбата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП