5 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПоставете ги вистинските прашања на интервјуто за работа

Поставете ги вистинските прашања на интервјуто за работа

intervju1

Неодамнешните истражувања покажале дека проактивниот став е клучен на интервјуата за работа, а тоа подразбира и поставување на вистински прашања.

Еве неколку прашања кои вие би можеле да ги поставите на интервјуто за работа:

Какви се шансите за доквалификација?

Со тоа ќе покажете дека сте подготвени да учите, а тоа е еден од факторите за успех.

Зошто вие сте избрале да работите во оваа компанија?

Одговорот на вашиот соговорник уште повеќе ќе ви го открие потенцијалот на компанијата. А кој подобро знае од оној кој веќе работи во истата?

Какви се корпоративните правила за однесување и облекување?

Одговорот на ова прашање ќе ви ја реши недоумицата, дали тоа работно место вас навистина ви одговара.

Што се спаѓа во мојата задача?

Ова е важно прашање, бидејќи во огласите за работа, обично, не ги пишува сите детали, а неопходно е да знаете колкав обем на работа ве чека.

*На интервјуто за работа бидете подготвени на изненадувања. Најдете начин како пред разговорот за работа да ја намалите нервозата и како да го процените работодавачот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП