7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата на богатите се опоравува

Економијата на богатите се опоравува

eko1

Во еврозоната изгледа дека економскиот раст се зајакнува, но сеуште нема подобрување во Франција, објави Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Економскиот раст е се посилен во Италија, а трендот во Германија се приближува до нормалниот раст, се вели во соопштението.

Во целата зона на ОЕЦД, која ги опфаќа најбогатите земји во светот, се гледа напредок, покажуваат податоците врз чија основа сега се очекува пресвртница на петгодишната криза.

Во САД и Јапонија очигледно е дека растот се консолидира. Бизнисот во Велика Британија и Канада се враќа на нивото од пред кризата.

Меѓу земјите во развој, кои не се членки на ОЕЦД, растот на економијата во Кина исто така се ближи кон ваквиот тренд.

Спротивно на тоа, се чини дека Бразил ја губи силата, се вели во соопштението.

Во Индија, каде активностите се под повеќегодишниот тренд, има индикации за можен раст, истакнува ОЕЦД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП