9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Грција не залажува

ЕЦБ: Грција не залажува

mario3

Грција дава лажни економски податоци дури и откако Европската централна банка, ЕУ и ММФ ветија дека ќе и помогнат, изјави претседателот на ЕЦБ Марио Драги.

Драги, како одговор на неодамнешните критики на ММФ, наведе дека достапните економски податоци за Грција биле нецелосни и неточни во време на првиот пакет помош од 2010 година, пренесува агенцијата Франс Прес.

„Сигурно е дека некои одлуки во тоа време се донесени на основа на информации кои биле нецелосни, погрешни или залажувачки“, изјави претседателот на ЕЦБ во Европскиот парламент во Брисел.

„Сигурно е дека извештаите за структурната сила на грчката економија не беа точни. Властите во Атина тогаш постојано ја уверуваа Тројката дека економијата е значително посилна отколку што таа навистина е“, изјави тој.

ММФ минатиот месец објави критички извештај за првиот пакет помош за Грција, обвинувајќи ја ЕУ дека не сакала да се согласи со претходно реструктуирање на долговите на таа земја.

„Постоеа многу грешки и драго ми е што тие се идентификувани, за да не можат да се повторат во иднина“, наведе Драги.

Претседателот на ЕЦБ, од друга страна, го пофали напредокот на Грција. „Тоа е една земја која најмногу се промени“, изјави тој, советувајќи ја Атина да продолжи со структурните реформи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП